Во Словенија од денеска почнува тестирање на 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата, со церл да се утврди бројот на заразени од коронавирус.
Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави лица, без разлика на полот и возраста.
Целта на ваквиот медицински експеримент е да се добие реална претстава за раширеноста на вирусот, кој ќе и помогне на Владата при носењето на одлуките за динамиката на укинувањата на ограничувањата донесени поради епидемијата на коронавирусот, пренесе МИА..




