Братството на Свештената Бигорска Обител со соопштение реагира на информациите во некои медиуми дека за време на велигденските богослужби во Макастирот не биле почитувани препораките за заштита од коронавирус – особено на синочќечното Воскресенски бдение, пренесе МИА.
„Во врска со спречувањето на пшаднемијата на коронавирусот, ги потсетуваме овие очигледно недоволно информирани кругови дека нашите манастири меѓу првите во држасвата излегоа со став дека полезно би било и потребно да се почитуваат препораките на здравствените институции и државните власти и докрај останаа доследни на овие препораки“, се вели во соопштението.
Во продолжение се вели дека на на богослубите присуствувале монасите, монахињите верниците волонтери од 4 манастири, шптитениците што се лекуваат, градежните работници, верниците штои се нашле во нив кога беа донесени мерките како и членови на екипата на „2Ѕ Студио“ кои помогнале да се врши директен пренос.




