„Нема нови моменти и условувања од бугарска страна, но она што се бара е комисијата поактивно да се посвети на историјата, а тоа го знаат и македонските власти“, вели за Телевизија 24, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев по информациите дека Бугарија може да ја условува Македонија за ЕУ.



Историските прашања мора да бидат решени, за Бугарија да ја поддржи Македонија на патот кон нејзините евроинтеграции и со непризнавање на македонскиот јазик.

„Нема проблем со македонскиот јазик“ вели Ковачев кој тврди дека македонска страна го суспендира договорот за добрососедство со тоа што е прекината работата на заедничката бугарско-македонска комисија за историјата.

„Таа комисија не се собира веќе – нема никаков напредок“.

Околу македонскиот јазик Ковачев вели дека Договорот (за добрососедство) е потпишан на официјалните јазици на Р. Бугарија и тогашната Р. Македонија сега веќе официјално Р. Северна Македонија.

„И за тоа не знам каков е проблемот и дебатата за ова прашање. Јас разбирам дека во Македонија за жал и министерот Никола Димитров се обидува да ја наметне темата само по однос на јазикот, а притоа ја заборава историјата. Историјата е основата“.