Институтот за јавно здравје денеска информираше дека излекувани се 15 пациенти од коронавирус – 6 кои биле на болничко лекување и 9 кои се лекуваа во домашни услови.
Починале двајца пациенти: На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 37 нови случаи: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 изнесува 1.207.





