„Групирањето над 5 лица ќе се смета за кривично дело и ќе има кривична одговорност и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема“, соопштија од Владата.
Ќе се прави фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, ќе се регулираат висините на казните кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата..
Владата го задолжила Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни.




