Контроверзната изјава на вицепремиерот Османи за респираторите од Турција за Македонија.
Ова во анализа за Timebalkan.com го пишува Хасан Балкан кој важи за близок на властите во Анкара.
Текстот за познавачите на турско – македонските односи се толкува како знак за драматично нарушување на односите меѓу администрацијата на Реџеп Таип Ердоган и владата на СДСМ особено кон коалицискиот партнер ДУИ.
Според познавачите пораките во текстот на Балкан иако конкретно се однесуваат на инцидентот со респираторите имаат подлабок корен а пред се се должат на изненадувачка политика на СДСМ поддржана од ДУИ кои се придружија на санкциите на ЕУ кон Турција а потоа не искажаа соодветна благодарност кон турската хуманитарна помош за Македонија.
Според дел од упатените односот на СДСМ и ДУИ кон официјална Анкара е во тесна врска со пораките кои турската влада би ги испратила кон турската заедница во Македонија во пресрет на изборите.
Целиот текст на Хасан насочен кон вицепремиерот Бујар Османи и владата на СДСМ во продолжение:
Во изминатите денови во јавноста внимание привлече контроверзната изјава на вицепремиерот задолжен за европски прашања на Македонија, воедно и шефот на централниот Кризен штаб за справување со коронавирусот, Бујар Османи, во која тој за време на посетата на Прилеп, меѓу другото, рече дека респираторите кои биле порачани за Македонија од Кина преку норвешката Амбасада од Белград “ги земала Владата на Турција.”
“Имаше одлука на турската Влада дека сите респиратори на нејзина територија ќе бидат користени за потребите на Република Турција, така да тие респиратори ги зема турската Влада и оттука норвешката амбасада беше приморана да го прекине тој договор и да објави нов договор за купување респиратори преку нова рута за обезбедување, која што ќе ја избегне Турција и ќе дојдат директно од Кина во Скопје”, изјави Османи во Прилеп.
Дека изјавата на Османи беше контроврзна и тенденциозна освен од зборовите, можеше да се види и циничната насмевка на неговото лице во кое со своевидна иронија и со вметнување на одредени зборови создаде конфузија наместо како одговорен политичар да ја разјасни настанатата ситуација.
Но, за што точно се работи?
Респираторите кои се користат за лицата кои се во тешка здравствена состојба предизвикана од коронавирусот Ковид-19, во речиси сите земји од светот со официјални одлуки на владите се забранети за извоз и се користат за потребите на националните здравствени системи во земјите кои ги произведуваат и кои ги поседуваат. Ваквата пракса ја применува и Република Турција во борбата против невидливиот непријател – коронавирусот.
Исто така, општо познато е дека помошта (донација) која е наменета од една држава за друга држава, не може да биде задржана од трета држава и за тоа според меѓународните законски прописи би била тужена.
Токму поради тоа невистинита е изјавата на Османи дека “Владата на Турција ги земала респираторите за Македонија”. Наместо коректно, комплетно и јасно да ја образложи ситуацијата како што е, Османи својата неспособност ја крие зад обвинување на Турција, која е стратешки партнер на Македонија и тоа уште од нејзината самостојност, која постојано и за разлика од другите, безусловно ја поддржува Македонија.
Зошто господине Османи наместо неосновани обвинувања кон Турција не упативте благодарност за медицинската помош од оваа држава за Македонија?
Зарем таквата помош во овие денови кога на граѓаните им е потребна медицинската опрема која живот значи а кога властите на државата отворено бараат помош, не е важна за вашето внимание?
Дали ова го правите можеби поради постигнување на ефтини политички поени но за сметка на нарушување на односи со држава која за Македонија, што може скапо да ја чини?
Кому сакате да му се додворите со таквиот антитурски вокабулар во кој наведувате дека “ќе се избегне Турција”?
Дали господине Османи ваквото некоректно политичко однесување кон пријателска Турција во време на оваа криза за вас значи лажен и краткотраен политички триумф со чии последици подоцна треба да се соочува државата и нејзините граѓани?
Ова се само неколкумина од многуте прашања господине вицепремиер Османи, кои ги отворате со вашите несовесни изјави, а за кои одговор им должите на граѓаните од чии џеб земате пари.
За потсетување, забележителни беа бројните позитивни и пофални коментари на социјалните мрежи за Република Турција поради испратената медицинска помош за справување со коронавирусот. Помошта пристигна на 8 април на аеродромот во Скопје.
Вреди да се напомене дека Турција во борбата со коронавирусот со медицинска опрема ги помогна балканските држави, но и другите држави, меѓу кои Шпанија и Италија, кои во Европа се најмногу погодени од оваа пандемија.
Но, забележително беше и тоа што никој од македонските фунцкионери во својата благодарност кон Турција за медицинската помош, не го користеше зборот “помош”, туку само медицинска опрема, додека за другите држави во најголем дел го користеа зборот помош.
А важно да ве потсетиме е и тоа што некои високи владини функционери помошта од Турција за справување со Ковид-19 ја занемарија, па не беа доследни да кажат ниту едно срдечно “благодарам Турција”.
Исто така, помошта од турските институции и невладини организации продолжува и во овоие денови пред месецот на постот Рамазан и во време на последиците со кои се соочуваат граѓание поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот.
Ќе ве потсетам господине Османи и на народната изрека која вели: “Кој не му е благодарен на народот, не му е благодарен ниту на Господ.”
Кому тогаш вие сте му благодарни и чии изјави браните? – е уште едно прашање кое и понатаму останува “енигма.”
Оргиналниот текст на timebalkan.com
Başbakan Yardımcısı Osmani’den solunum cihazlarıyla ilgili çelişkili “Türkiye” açıklaması





