Професорката Мирјана Најчевска за „Телма“ вели дека ограничувањето на движењето на лица над 65 години на два часа дневно е „школски пример за дискриминација“ .
Образложението дека, наводно, тоа било за нивно добро, за Најчевска е бесмислено, и смета дека постарите лица имаат основа оваа мерка да ја оспорат пред домашните но и пред Европскиот суд за човекови права.





