Академик Катица Ќулавкова со објаснување по големиот број на реакции на атеистите кои со сомнеж или негација зборуваат за религијата и вербата во Бог.
“Како да ви кажам дека нема врвни писатели и филозофи кои не биле на некој начин набожни!
И дека нема совршени уметнички дела кои не се загледани од онаа страна на земното!
И дека потрагата по совршенството е копнеж по божественото!
И дека поривот да се верува е длабоко човечки!”, пишува Ќулавкова која дава прецизно и јасно објаснување за тие што во обид да ги оспорат религиозните системи честопати дури и се шегуваат ма темата верба во Бога.





