Најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Виз Ер најави дека ја продолжува суспензијата на сите летови до и од Македонија 16-ти мај поради продолжените рестрикции за сите странски летови.
Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.
Така , 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.
Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира.




