За разлика од централната власт што препорачува, но не наложува носење заштитни маски, во германскиот град Јена од пред две недели тоа е задолжително, а веќе осми ден нема ниту еден новозаразен од коронавирус.
Во универзитетскиот град со 108.000 жители има 155 инфицирани, од кои 103 се веќе оздравени.
Градоначалникот Томас Ниче нагласува дека градот презел мерки во рана фаза од ширењето на вирусот. Покрај обврската за носење маска во јавниот превоз, во продавниците, а од пред една недела и на работните места, беа откажани групните настани, повратниците од патувањата веднаш беа ставени во карантин и беше издадена строга забрана за собири на јавни места.
Дозволено е носење шал или шамија преку устата и носот наместо маска, а за тој што нема ништо од тоа на лицето казната е 50 евра.





