Србија му донира на Косово илјада тестови за коронавирус

Портпаролот на Министерството за здравје на Косово, Фаик Хоти, потврди за Радио Слободна Европа дека Србија на Институтот за јавно здравје од Приштина му донирала илјада тестови за коронавирус.



Тој додаде дека Косово денеска ќе добие уште две илјади тестови според поранешен договор, а утре ќе се знае и кој ќе го добие тендерот за уште 10-13 илјади тестови.

Од првиот пријавен случај на 13 март во Косово досега се регистрирани 480 позитивни тестови на Ковид-19, 12 починати и 84 оздравени.