Градоначаликот бараше, премиерот одби, сега шефот на државата бара затворање на Куманово

Сметам дека владата за 24 или 48 часа, ќе треба да реши дали целосно или делови од елементите на моделот затворање на Дебар да ги примени и на Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.