Нашиот младински и сениорски репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Истанбул за потпис со најголемиот турски фудбалски клуб. Фенербахче ја доби битката со гигантите Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, но и Галатасарај, Трабзонспор, Лас Палмас, Бенфика, Базел, Клуб Бриж, Херенвен, кои исто беа заинтересирани за екстра надарениот фудбалер кој потекнува од школата на Работнички каде што и играше до пред еден месец.



Елиф кој игра на позиција во средниот ред со јасни офанзивни карактеристики дебитираше за сениорската селекција на Македонија на 11. јуни кога влезе во второто полувреме против Шпанија и остави импресивен впечаток, а потоа како најмлад член беше и со нашата репрезентација на ЕП во Полска за играчи до 21 година. Тој, според турските медиуми, доаѓа во Фенер со посредство на Перо Антиќ кој на големото спортско семејство на црно жолтите од Кадокој квартот, од Фајнал форот во Евролигата и ја донесе првата европска клупска титула.

За сега не се познати условите под кои ќе потпише Елмас кој во септември ќе наполни 18 години,  но јасно е дека тој треба да биде иднината на Фенербахче.