Нецели 24 часа по верашниот состанок на Кризениот штаб на Куманово на кој присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерсот за образование и наука, Арбер Адеми и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски соопшти дека бил заразен со коронавирус.
Ова го наметна прашањето дали споменатите лица, согласно мерките на Владата, че бидат упатени веднаш во 14 дневна изолација уште повеќе што натамошното делување на дел од нив (премиерот, вицепремиерот за евро-интеграции, министерот за здравство) можат да го „загрозат“ и претседателот на државата доколку се појават на денешната седница на Советот за безбедност на која се очекува одлука дали вонредните мерки ќе продолжат уште 30 дена.





