Полицијата ќе врши контроли покрај храмовите на МПЦ во саботата пред Велигден и за време на велигденските празници, откако Владата минатата недела го зајакна полицискиот час, кој ќе почне од Петок во 16.00 часот и ќе трае се до Вторник до 05.00 часот, дознава Прес24.



Во сабота навечер во црквите ќе бидат само свештениците, но Владата одлучи да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.