Починала пред две дена денеска потврдено дека имала коронавирус

Пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ била позитивна на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот а разултатите од тестовите денеска го потврдиле тоа.



По потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.