„Жито Прилеп“ ќе го остави градот без леб за Велигден

Околу 100 вработени во „Жито Прилеп“ од денеска штрајкуваат и го запреа производството на основниот прехранбен продукт зашто немаат земено плата за февруари и за март, ниту пак има навестување за тоа од сопственикот кој е во САД..



Вработените се собраа во дворот на фабриката и, иако изразуваат жалење дека градот пред Велигден ќе го остават без доволно леб, сепак, велат немаат друг излез, дознава МИА.

Пред 10 дена го информирале и го предупредиле дека доколку не исплати плата за три дена – ќе го стопираат производството. Но, досега нема никакво навестување.

Дневно „Жито Прилеп“ произведува по 10.000 парчиња леб. Минатиот викенд, за полицискиот час, биле произведени околу 25.000 парчиња и илјадници парчиња бели печива, а за овој велигденски викенд требаше да се произведат околу 35.000 парчиња леб.