На еден милиони жители Македонија има 21 починати од коронавирус. Полоши статистички резултати има само Словенија која има 27 мртви на еден милион жители.
Смртноста од епидемијата во другите земји покажува 17 починати во Турција, во Босна и Херцеговина 12, Србија 11, Грција 10, Албанија 8, Хрватска 8, Црна Гора 6 и Бугарија 5 починати на еден милиони жители.
Според бројот на заразени на милион жители, во Македонија има 436 заразени на милион жители. Повеќе има во Турција (772), Словенија (587) и Србија (511).





