Бројот на заразените од коронавирус во светот надмина два милиони, покажуваат најновите податоци на „Worldometers“.
Според порталот 2.000.728 луѓе биле заразени со вирусот, 126.776 починале и 484.747 се закрепнети.
Најмногу заразени има во САД, 614.224, со 26.064 починати од вирусот.
Шпанија пријави 174.060 случаи и 18.225 смртни случаи.
Во Италија од вирусот починале 21.067 лица, а вкупно се заразени 162.488 лица.
Франција има 143.303 заразени лица и 15.729 починати, во Германија има 132.210 случаи на ковид-19 како и 3.495 смртни случаи.
Во Велика Британија има 93.873 заболени а 12,107 лица починале.
Во Кина, каде што вирусот се појави кон крајот на минатата година, заразени се 82.295 лица, починаа 3.342 лица, а земјата објави 46 нови случаи во последните 24 часа, соопшти „Worldometers“.






