Покрај тројцата жители на скопското село Сингелиќ од кои еден е советник на СДСМ во општината Гази Баба, уште најмалку десет нивни сограѓани ќе добијат кривична пријава за учество во вчерашниот инцидент кој ја возбуди јавноста.
По вчерашниот инцидент во кој жителите обвинија дека полицијата влегувала во нивните домови а министерот Чулев објасни дека тие биле фатени како во полициски час 8 луѓе поставувале „легнат полицаец“, МВР ги повикува сите што биле на настанот и се очекува да им се поднесат кривични пријави.
Првата група од десетина луѓе вече добиле писмена покана да се јават во полициската станица во Автокоманда за да бидат официјално известени за процесот кој го почнала полицијата а кој што ќе треба да го продолжи Јавното Обвинителство.
Повиканите лица против кои ќе бидат поднесени кривични пријави од страна на МВР се препознаени на видеа и фотографии кои самите учесници на протестот го објавувале на социјалните мрежи.
Во нивната идентификација учествуваат сите блиски полициски станици кои гравитираат во овој дел од Скопје, засега се идентификувани поголем дел од учесниците и истите ќе добијат соодветна пријава од МВР по што Обвинителството врз основа на прибавените докази од полицијата ќе ги обвини по ченовите 205 и 206 од кривичниот законик.
Со кршење на владините мерки за борба против коронавирусто учесниците во инцидентот ги ставиле во опасност и своите сограѓани и своите роднини но и себе си.
На протестот што се случуваше вчера пред полноќ според видеата на социјалните мрежи беа забележани и малолетници.






