Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи со порака на Твитер за тоа со кого се солидаризира, а со кого не во овие денови на борба со коронавирусот во Македонија.
„Солидарност со сите одговорни кои ги почитуваат мерките и ги штитат другите од себе. Солидарност со лекари, мед-сестри, полиција кои се на прва линија. Солидарност со ДиЏеј од Чаир која забавуваше комшии од балкон. Немам солидарност со СДСМ провокатори на ‘капиџик од дворот’“, твитна поранешниот амбасадор.




