половина од



Експерти од Мрежата за долгорочни политики за нега (LTCPN) во Лондонската школа за економија (LSE) проценуваат дека процентот на починати во старечките домови поврзани од корона во пет европски земји се движи од 42 проценти во Белгија до 57 проценти во Шпанија, пренесува Ал Џезира.

Сепак смртните случаи од Ковид19 се во домовите за старци ретко се вклучени во официјалните податоци или воопшто не се пријавени, велат експертите.

Покрај овие две земји, LTCPN ги истражуваше официјалните податоци и извештаите за вести во Италија, Франција и Ирска.

Нивниот заклучок е дека многу малку земји систематски го тестираат персоналот и лицата во старечките домови и дека е тешко да се процени бројот на заразени и починати.

Според LTCPN e единствениот начин да се спореди стапката на смртност за време на пандемија е со стапката на смртност во текот на истиот период претходните години.