„Сте чуле ли за роботот Норман?
Станува збор за вештачка интелигенција трансформирана во робот. Кутриот робот Норман, кој го одбил името од главниот лик од филмот „Психо“ на Хичкок, е „полнет“ со слики од смрт и насилство од социјалните мрежи. Затоа роботот околу себе гледа само насилство и смрт. Тој е опседнат со смртта.
И ние во Македонија си имаме наш Норман. Неговата интелигенција бездруго е вештачка, но за разлика од роботот Норман, дело на научниците од Институтот за технологија во Масачусетс, нашиот Норман не е робот, туку суштество кое егзистира во медиумскиот простор и на социјалните мрежи. Нешто како вирус.
Пред седум-осум години јас го реанимирав и го вратив меѓу живите (беше кинисал кон заборавот), а сега е приклучен на апаратите за механичка поддршка на агитпропот на СДСМ.
Нашиот Норман го надмина роботот Норман. Нашиот, освен што секаде околу себе гледа смрт, патолошки им посакува смрт на многу луѓе, на ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија. Сите што ги мрази – а мрази многу – им посакува да умрат. И не само што им посакува смрт, тој често и се заканува со смрт, повикува на бесење (повика, на пример, јас да бидам обесен и тој случај е пријавен во Јавното обвинителство и заведен под број кој укажува дека се истражува), повикува на линчови и егзекуци и слично.
Органите на прогонот го толерираат. Во последно време го толерираат и еснафските здруженија. Агитпропот на СДСМ го обожува. Нашиот Норман се смета за главен егзекутор на пропагандата на оваа партија, во борбата против нејзините критичари и политички противници. Тажно е тоа на какво дереџе паднала една партија со помалку или повеќе демократска традиција, но што да се прави…
По последното дивеење на овој тажен лик, во кое, покрај Христијан Мицкоски, кому му посакува смрт, нашиот Норман „фигуративно“ и мене ме спомнува, од пријатели бев прашан дали нешто ќе сторам во врска со тоа.
Еве да одговорам јавно – не, ништо нема да сторам, апсолутно ништо!
Што и да сторам, нашиот Норман не може да се ослободи од својата опседнатост со смртта. Тој е смртта за себе и смртта по себе. Жал ми е што е така, едно време сепак површно пријателував со тој човек, но на него веќе му нема помош.
Освен тоа, луѓето кои евентуално би можеле стручно да му помогнат (а и нам да ни помогнат на некој начин), деновиве се зафатени со советување на граѓаните кои имаат психијатриски и психолошки проблеми, поради стравот и поради изолацијата во услови на пандемија. Не би било коректно сега да ги гњавиме да се занимаваат со смртоносецот и погребникот Норман.
Органите на прогонот нема ништо да сторат. Тие се под контрола на агитпропот и тоа брзо нема да се промени. Тоа е јасно.
Кај дел од еснафските здруженија лесно се препознава политичка агенда и тоа е причината поради која тие не сакаат да се замерат со овој лудак. А и кога се огласија против неговиот говор на омраза, тој и нив ги нападна во своите хејтерски сеанси на Фејсбук и во порталот каде што повремено ги објавува своите блуеници.
Сепак, клучната причина зошто немам намера да сторам ништо во врска со нашиот Норман, во врска со Кучката 2К и со сличните перјаници на пропагандата на СДСМ (се извинувам што веќе не го спомнувам Сале Мутави, ама тој одамна го изгуби приматот во таа групировка), е многу едноставна – јас одамна одлучив да ги ставам овие суштества на игнор. Нивниот вкупен импакт на порталите и на социјалните мрежи е минорен и затоа никој нема потреба да се загрижува. Освен можеби тие што ги плаќаат нивните услуги. И тоа дебело.
Но, за нивна несреќа, овие последниве не разбираат дека творештвото на вештачката интелигенција трансформирана во живи, лоботомирани фрикови како спомнатите, луѓето го препознаваат како идеологија и политика на СДСМ. Ако во СДСМ се среќни со тоа перфектно „мечување“ на шитовите на десет психопати со нивната идеолошка и политичка линија, јас сум ОК со тоа, можам само да им посакам да уживаат во својот избор“.



ФБ статус на овинарот Бранко Героски