Советникот од редовите на СДСМ во Општина Гази Баба, Берат Вејсел е еден од приведените вечерва во населбата Ченто, поради што имаше проест, дознава 24 Инфо.
Вејсел тврди дек бил уапсен во неговиот двор, по што бил однесен во полициска станица, откако полицијата применила сила.
Според очевидци, во дворот биле собрани повеќе лица и играле карти, но по дојава од граѓани дошла полицијата бидејќи имало групирање на повеќе од две лица.
Набргу на улицата кај црквата кај локалниот стадион се насобрале стотина граѓани кои барале нивно ослободување.
Вејсел бил задржан на информативен разговор, а по половина час дошол градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.
Градоначалникот рекол дека ќе ја смири состојбата и полицијата се воздржала од интервенција. Приведените биле пуштени, а граѓаните си заминале дома.






