Дејвид Набаро експерт на Светската здравствена организација (СЗО) вели дека луѓето ќе мора да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност”, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.
Тој вели дека луѓето ќе мора да се штитат, да носат маски, да оддржуваат физичка дистанца и да ги штитат ранливите групи.
„Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои го имале ќе бидат имуни по него, и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината“, истакна доктор Набаро за Би-би-си.
Тоа мора да стане навика, тие симптоими, дури и да се благи, навистина мораме да ги сфатиме сериозно, истакна експертот на СЗО.





