Кога починале велешанката и синот, пред 3 месеци или пред 1 недела?

Лекарите од Институтот за судска медицина, МАНУ и тимот на епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, треба да одговорат на бројните прашања околу смртта на мајката и синот велешанио кои биле најдени починати во стан во Велес и за кои „проструија“ инфорамции дека причина за смртта на 78 годишната жена била – коронавирус.



Министерството за здравство ги демантираше информациите дека мајката и синот биле починати пред три месеци и посочија дека засега се знае само дека жената била почината повеќе од една недела.

„Едно од најтешките прашања на кои треба да дадете одговор при обдукција на едно тело е времето на смртта. Постојат огромни истражувања и сите добиени резултати не ви даваат можност апсолутно точно да се одреди времето на смртта.

Тоа го има само на филмовите и никој сериозен судски лекар нема да ви каже починат е пред точно 2 часа или пред точно една недела“ вели доцент д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, од каде што треба да се даде одговор на клучното прашање, односно кога настапила смртта кај велешанката и нејзиниот син за МКД.МК.

Шпекулациите околу наодите и времето на смртта дури отидоа дотаму да се тврди дека во Велес коронавирусот, наводно, бил присутен и пред неговата појава во Вухан – или барем во исто време.