Приведени 134 лица – не почитувале полициски час


Дури 172 граѓани не го почитувале пиолицискиот час во изминативе 24 часа.



Приведени биле 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Од страна на полицијата извршени се 1.779 контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.