Откако во петокот вечер Турција објави дводневен карантин во триесетина најголеми градови за време на викендот, тоа предизвика револт кај граѓаните од кои многумина укажаа на тоа дека со таквиот потег се зголемува ризкот од ширење на вирусот.
По критиките министерот за внатрешни работи Сулејман Солју вчера на Твитер соопшти дека се повлекува од функцијата.
„Претседателот не ја прифати оставката на нашиот министер за внатрешни работи, тој ќе продолжи да ја извршува неговата должност“, соопштија од турското претседателство, како што пренесоа британски медиуми.





