Италијанскиот тенор Андреа Бочели кој гледа само со 10 % од едното око вечерва во 19.00 настапува во празната Миланска катедрала во обид со неговиот глас да пробуди надеж за целото човештво.
Според Бочели неговиот настап кој ќе биде пренесуван на YouTube не е концерт туку прилика за заедничка молитва за Милано и за целиот свет.
“Соочени со болната и тажна ситуација да испратиме порака на љубов и исцелување на големиот празник. Луѓето ќе бидат поврзани преку интернет, обединети со суптилна нишка на верба која е посилна од било која привидна оддалеченост”, порача Бочели пред концертот.
Концертот може да го следите на овој линк ?
Најавата овде
?https://www.youtube.com/watch?v=lI6nH5-_J3c






