Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека и во текот на Велигденските празници ќе има рестриктивни мерки за движење на граѓаните, пренесува „Фокус“.
Според министерот за здравство, се размислувало за засилена забрана за движење од идниот петок попладне, па се до вторник наутро, период во кој „паѓаат“ Велигденските празници.
Филипче уште рече дека по наредниот викенд, ќе се дискутирало дополнително за евентуални мерки во наредниот период.






