На Велики четврток, 12 април 2012 година, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година кај Смилковско Езеро, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 годишен рибар од селото Црешево.



За овој грозоморен чин кој се уште нема разврска и кој се уште ја вознемирува македонската јавност, беше отворен судскиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Но, во декември 2017 Врховниот суд ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.