Министерот за внтарешни работи Наќе Чулев во интерју за Радио слободна Европа (РСЕ) вели дека Комисијата за заразни болести составени од епидемиолози, инфектолози ги предлага мерките на владата за справување со коронавирусот.
„Врз основа на нивните стручни мислења беше дека пикот на заразата со коронавирусот во Македонија ќе биде во периодот што доаѓа, односно кон крајот на април, Владата одлучи да го зголеми ограничувањето на движењето, пред сè да се спречи социјалната интеракција меѓу луѓето, односно тоа да се сведе на минимум, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот.
Јас лично да ви кажам исто така се залагам за поригорозни мерки.
На прашањето на РСЕ какви се тие мерки, Чулев со одговор:
„Вклучително и овие мерки што сега се преземаа, пред сè заради менталитетот на луѓето што живеат во нашата држава и коишто се многу друштвени.
Имаме многу интензивни социјални контакти и луѓето тешко се откажуваат од нормалниот начин на живеење, така што и мерките на Владата се во таа насока“ вели Чулев.






