Тричасовен концерт за здравствените работници во празниот „Бољшој театар“ (ВИДЕО)

Во празната сала на московскиот „Бољшој театар“ се одржа тричасовниот концерт „Ние сме заедно“ посветен на лекарите, на волонтерите и на сите други луѓе што секојдневно ги ризикуваат здравјето и животот во борбата со коронавирусот.



Настапија познати руски музичари, како пијанистите Денис Мацуев, Јуриј Башмет и Николај Лугански, виолинистот Владимир Репин, балерината Светлана Захарова, а пееја и рецитираа стихови актерите Евгениј Миронов, Владимир Машков, Сергеј Гармаш, Константин Хабенски, Јулија Пересилд. Сите учесници пред влезот во театарот беа тестирани на коронавирус.

Со посредство на видеоѕид, во текот на концертот се вклучуваа лекари што работат во т.н. Ковид-болници и беа проектирани слики од празните улици на главниот град на Русија.

Концертот беше директно пренесуван на првиот канал на руската национална телевизија, а неговата организација ја поддржа Министерството за култура.

Во Русија досега се регистрирани 13.584 лица позитивни на коронавирус и 106 починати.