Владата на Малта враќа за симболична сума, а Амбасадата во Рим нуди лет до Софија за 300 евра?!

Македонска заедница во Малта, најголема организација на Македонците на островот со повеќе од 10.000 членови, им сугерира на сонародниците да не се пријавуваат на повикот од Амбасадата во Рим за враќање во Македонија преку Софија за 300 евра.



Наспроти тоа, Заедницата ги упатува на повикот од Владата во Ла Валета за враќање до татковината за симболична сума.

Целата реакција на Македонска заедница во Малта:

„Поради огромниот број на пораки кои ги добивме од ваша страна по повод некој повик на Амбасадата во Рим за македонските граѓани во Малта да се вратат во Македонија преку Софија со лет кој чини ФАНТАСТИЧНИ 300€, би сакале да ве информираме да НЕ СЕ ПРИЈАВУВАТЕ на истиот бидејќи се работи за класична злоупотреба на вашите стредства во овој тежок момент.

Имено, малтешката влада веќе објави повик на кој вие може да се пријавите и да платите симболична цена (НЕ 300€) за да се вратите во Македонија!

Ве замолуваме да не подлегнувате на вакви матни соопштенија кои ги испраќа в.д Амбасадорката Магдалена Димова исклучиво на неа познати поединци. За која цел оставаме вие да процените!

Ги повикуваме новинарите во Македонија да истражат зошто при активен повик од малтешката Влада нашинците се тераат да одат преку Софија за огромни суми на средства.

За нас останува единствено валиден повикот на малтешката влада и ништо друго.

Линк за пријавување ??????
https://foreignandeu.gov.mt/…/…/Pages/Repatriation-Form.aspx

Пријавете се на овој повик и вратете се дома безбедни и поевтино, профитерстворо оставете го да им служи на оние кои се обидуваат од ваши пари да се збогатат.

Споделете што повеќе наши да не наседнат“, се вели во обраќањето на Македонска заедница во Малта објавено на нејзината страница на Фејсбук: