Криминалните организации во Италија делат прехранбени производи на најсиромашните во време на кризата со коронавирусот со цел да ги придобијат, предупредува новинарот Роберто Савиано.
Според него, тие исто така им помагаат со давање заеми без камата.
Покрај обезбедување храна на најсиромашните во Неапол, лихварите ја намалија каматата за позајмените пари на барање на Камора.
„Зошто? Да се добие нешто за возврат“, вели Савиано, е автор на книга „Гомора“, за италијанската Камора мафија во Неапол.
Тој вели дека мафијашките групи бараат да влезат во некои од бизнисите кои сега се во тешкотија и чекаат европска финансиска помош.
„Мафијата само демне некоја криза“, а бизнисите ќе бидат жртви, бидејќи во овие криминални организации ќе се наметнат како нови „партнери“.
„Станувате партнер затоа што влегувате во деловен однос. Тоа не се луѓе кои доаѓаат со пиштол, туку во форма на финансиски советници“, вели Савиано.
Според него, ако Европа не интервенира, мафијашките пари кои се веќе во Германија, Франција, Шпанија и Белгија ќе се размножуваат неконтролирано.





