Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека Православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, соопшти денеска премиерот Бојко Борисов.



Тој вели дека тоа е потребно бидејќи многу луѓе се очајни и со ослабнат дух.

„Тешка одлука, но подготвен сум да се носам со прозивките“, рече Борисов на денешната прес конференција, пренесува „Религија“..

Сепак тој ги повика граѓаните да се придржуваат кон мерките и да останат дома.