По самоизолацијата на лидерот Христијан Мицкоски кој имаше интервју со новинар на една национална ТВ сза кој се покажа дека е позитивен на коронавирус, сите кои биле во контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе одат во самоизоолација, соопштуваат од најголемата опозициска партија.
Оттаму велат дека ќе преземат и дополнителни мерки кои ќе ги соопштат во текот на денот, а и дека досега се придржувале до сите превентивни протоколи во седиштето на партијата.





