Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ ќе добие 73.000 евра, а Факултетот за исламски науки 49.000 евра, или вкупна сума од 122.000 евра одлучи Владата.
Одлуката на Владата дојде екпресно откако реисот Сулејман Реџепи се закани дека ако не добие помош од државата, ќе ги „суспендира“ забраните за собири и движење во полициски час и потоа никој нема да може да се справи со епидемијата.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петроска во Отвореното студио на ТВ24 рече дека изјавата на реисот Реџепи предизвикала вознемиреност и кај јавноста и кај институциите.






