Флоријан Бибер, директор на Центарот за југоисточноевропски студии на Универзитетот во Грац, го нарече „лудило“ најавениот 60-часовен полициски час поради коронавирусот во – Србија.
„Лудило во Србија. Не е дозволено никому да го напушти домот 60 часа“, објави Бибер на Твитер, заедно со насловни страници од српски весници за претстојниот карантин кај северниот сосед од утре во 17 часот до понеделник во 5 часот.
„Случајно“, многу слично ограничување на движењето од истите причини како во Србија, дури и подолго за еден час, ќе има и во Македонија претстојниов викенд…
Австрискиот експерт за Балканот и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров често се дел од панели за состојбите во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и „Средбата на тинк-тенкови од Западен Балкан“ на 29 ноември во Скопје.






