Македонија видена со катарски очи (видео)

Катарската авиокомпанија „Катар Ервејз“ по видеото за своите глобални операции кое што го видоа над 60 милионни луѓе досега, објавува и ново посебно видео за Македонија од каде што од утре воведува директен лет.



„Крстосница на историјата, еклектично минато, енергична сегашност, скриен бисер и нова авантура“ се пораките од видеото со кои се опишува земјава.

Во видеото има прекрасни пејсажи од Македонија кои за тие што живеат овде се секојдневие но не секогаш ги забележуваме и почитуваме. Затоа добро е одвреме навреме како што тоа го прави Катар ервејз некој да не потсети во каква убавина живееме.

Се разбира дежурните критичари ќе најдат мани и во ова видео но и тоа е Македонија, никој досега не им угодил на сите граѓани во исто време.

 

https://twitter.com/qatarairways/status/886236600937664516