„Газди со јахти, хациенди и џипови има 1% во државава и тие не се угостители, туку олигарси кои денешниве критизери ги величаат и не смеат да им писнат. Кога ќе имате храброст на олигархијата да и се спротивставите тогаш ќе разговараме.
Ама затоа маливе фирми веднаш се напаѓаат и навредуваат, а извинете заборавив малите само го полнат буџетот со чесна работа, ама не финансираат политички кампањи“ реагира претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска на бројните критики на адреса на угостителите кои вчера најавија дека ќе ги отпуштат вработените, а грижата за 15.000 нови безработни ја пренесоа на државата.
Арсовска демонстрира мала математика околу толку извиканите цени на кафето кое го служат угостителите:
„кафе не е = на кафе + вода +(млеко+шеќер/по вкус) туку
кафе е = на кирија + опрема + струја + вода + набавки + кредит + фирмарина и 100 парафискални давачки и даноци + трудот на сите луѓе кои работат“!- пишува Арсовска на Фејсбук.




