Грчкиот новинар и експерт за кризен менаџмент Јанис Пилиурас кој не е меѓу водечките новинари кај јужниот сосед дава интересна анализа за тоа кои се опциите на Грција во поглед на решението на спорот со името.
Според Пилиурас постојат три сценарија кои што може да ги спроведе Грција во однос на Македонија.
Првото решение е компромис веднаш
Според Пилиурас има логика прашањето да се реши на радикален начин веднаш дури и ако бара концесии. Логиката на компромисот спаѓа во ткн. категории на забрзани решенија кои што можат да дадат нова енергија на билатералните прашања меѓу двете земји, да се затвори отворениот фронт и да се интегрира Скопје во ЕУи НАТО. Со тоа Грција ќе има стабилен партнер и пријател на својата северна граница, пишува грчкиот новинар.
Главен аргумент за ова решение е тоа што најголем дел од светот веќе ја признал Македонија под уставното име. Затоа Грција треба да го заврши конфликтот кој припаѓа на 19 век и да ја увиди европската реалност каде што не може да се спроведат иредентистички планови на ниедна земја против Грција.
Второто решение е уништување на Македонија
Вакво сценарио пишува Пилиурас беше забележано во времето на Милошевиќ кој понуди распарчување на Македонија од соседите. Планот бил секоја од соседните земји да земе дел од Македонија согласно соништата на националистичките кругови. Досега имаше доволно време за некој сериозно да се зафати со оваа идеја особено во периодите кога во земјава имало етнички конфликти меѓу Македонците и Албанците. Се разбира и во Грција има такви медиуми и луѓе што размислуваат во овој правец но тој е се помалку можен, смета грчкиот новинар.
Трето решение е победа без конфликт
Според Пилиурас постои и средно решение меѓу „повлекување“ и “конфронтација“ со Македонија а тоа е поврзано со теоријата на Крисантос Лазаридис за супериорна стратегија (доминантна стратегија) за да се надмине проблемот.
Оваа стратегија се базира на силна социјална кохезија на Грција, забрзан економски раст и просперитет додека во исто време противникот ослабува. Пилиурас како примери за оваа тактика ги дава СССР и Источна Германија кои што иако навидум цврсти како држави пропаднаа за неколку години пред притисокот на САД и Западна Германија. Според грчкиот новинар оваа флексибилна и адаптивна политика не може лесно да се спроведе но може да донесе максимален бенефит за Грција без да влегува во отворени конфронтации со Македонија.
Според авторот Грција не треба да брза во решавање на спорот освен ако тоа не е наложено од повисока сила. Се додека Скопје не врати на концесиите од Атина треба да се чека, смета Пилиурас според кого Македонија сега е подготвена да направи финални концесии додека во исто време го затвара спорот со Бугарија што ќе го подобри имиџот на земјата во ЕУ и НАТО.
И покрај притисокот од Австрија и Германија Грција не смее да прифати никаква концесија за влез во НАТО ако не се реши спорот за името, препорачува Палиурис кој смета дека Скопје е сега под притисок да попушти а Грција на овој начин ниту губи ниту добива.
Палиурис е претставник на паневропскиот медиумски проект „Една Европа“ која промовира граѓански журнализам.




