Газдата на „Мал алтан“: Не отпуштам никого, ќе делам со вработените

Газдата на националниот ресторан „Maл алтан“ од Скопје, Горан Блажевски, на Фејсбук сподели статус кој ги освои симпатиите.



„Јас Горан Блажевски, сопственик на ‘Мал алтан’, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне.

Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија“, напиша Блажевски.

И сопствениците на Етно гостилница „Воденица“ донесоа одлука, и покрај кризата и периодот што следи, да не отпуштаат работници.