Македонската влада вчера го утврди текстот на договорот меѓу Северна Македонија и Турција за донација на медицинска опрема за справување со коронавирусот.
Турција на Македонија ќе ѝ донира средства наменети за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.
Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје попладнево.
Медицинските средства на овдешните власти ќе ги предаде амбасадорот на Република Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизќок.
На 1 април Македонија се приклучи на санкцииите на ЕУ против Турција.





