По речиси 11 недели, кинескиот град Вухан, градот каде започна пандемијата на коронавирус, излезе од изолација.



Вухан стана модел за справување со коронавирусот за земјите што сега се борат со пандемијата.

Крајот на карантинот беше обележан со светлосно шоу воградот распослан од двете страни на реката Јангце, а на облакодерите беа прожектиранианимирани слики од здравствени работници кои им помагаат на пациенти, пропртатени со зборовите „херојски град“, име што кинескиот петседател Си Џинпинг му го додели на градот Вухан.

По крајот на ограничувањата, главниот град на кинеската провинција Хубеи, 11 милиони жители сега можат да го напуштат градот без посебна дозвола доколку апликацијата на паметниот телефон покажува дека тие се здрави и во блиско минато не биле во контакт со некој за кој е потврдено дека го имаат овој вирус.