Каде е Македонија на регионалната „црна листа“ за Ковид-19? (ФОТО)

Македонија е неславното прво место на црната листа на починати од коронавирусот на милион жители.



На листата на која се наоѓаат земјите од регионот кои имаат слични здравствени системи, правила и традиции Македонија е на неславното прво место со 12 мртви на милион жители.

Зад нас со по 10 мртви на милион жители се Романија и БИХ а најмалку починати по овој критериум имаат Црна Гора и Бугарија.

Листата се води според бројот на население на Македонија од последниот попис во 2002 година.

Доколку се пресметува реалниот број на жители кој во последниве 18 години е драматично намален извесно е дека бројот на мртви на милион жители во Македонија ќе биде уште покатастрофален.

Листата е направена вчера од активисти на социјалните мрежи според официјалните податоци за ситуацијата со Ковид-19 и таа секој ден се менува.

https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries