Легендарниот фудбалски тренер Радомир Антиќ не починал од коронавирус

Единствениот тренер што ги има водено Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Радомир Антиќ, кој почина на 71 година, не бил заразен од коронавирус.



„Не, Антиќ не почина од коронавирус. Веќе долго време беше во лоша здравствена состојба, но не знам од што беше болен“, изјави за хрватската новинска агенција ХИНА портпаролот на Атлетико, со кој српскиот тренер во 1996 година ја освои двојната круна – првенството и Купот на Шпанија.

Покрај трите најтрофејни клуба во Шпанија, фудбалскиот стручњак со прекар господин ја водеше и репрезентацијата на Србија, со која избори пласман на Светското првенство 2010, каде што ја совлада Германија.