Оставени сме сами на себе, се пожали кумановскиот градоначалник (ВИДЕО)

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Топ тема“ на Телма се пожали на односот на централната власт кон општината што ја води, и покрај апелите за порестриктивни мерки и за поголема помош во справувањето со коронакризата.



„Повикавме претставници од Министерството за здравство и од комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам, се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два епидемиолога не може да се справи со една ваква пандемија“, изјави градскиот татко на Куманово од СДСМ.