Пoлицаец од Куманово почина од коронавирус

Припадник на граничната полиција од Куманово на возраст од 52 години е првата жртва на коронавирусот меѓу полицајците во Македонија.



На полицаецот, кој бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово, вчера му бил дијагностициран Ковид-19, а на работа не одел од 25 март бидејќи не се чувствувал добро, објави телевизија Телма.

Вчера, откога го добил позитивниот резултат на тестот за вирусот, била погребана и неговата мајка, за која не се знае дали била заразена.

Вкупно 12 полицајци во Македонија во моментов се заразени со коронавирус.