Владата донесла одлука сите државни фунционери кои што имаат право да користат службена банкарска картичка да имаат право на по 1000 евра месечно за службени ручеци и репрезентација.
Половина од оваа сума ќе може да се троши во Македонија а половина надвор од земјата на службени патувања во странство.
Одлуката важи според принципот на „ураниловка“ па така и министерот за надворешни работи Димитров ќе може да троши исто колку и заменикот министер во министерството за локална самоуправа кој што објективно ќе патува многу поретко од шефот на дипломатијата.
Доколку Димитров сака да седне на вечера со некој свој колега или да организира ручек за лобирање во Брисел, Вашингтон или Москва тој ќе мора или да плати од свој џеб или да најде „црни пари“ за вакви редовни активности на дипломатијата.
Пред неколку дена новата влада брифираше дека екс министерот за одбрана Зоран Јолевски за две години потрошил нецели 20 илјади евра за репрезентација а во таа сума половина трошок било сместувањето во хотели за време на службени патувања во странство.
Според математиката Јолевски како министер за одбрана ако се одземат хотелските сметки трошел помалку од тоа што сега го предвидува владата.





